Живот
15. February 2017 - 13:41

Хит на интернет: „На улица е минус, а во нашите срца – плус!"

Рекламен видео запис на сибирската компанија „Омски бекон" за две седмици собра над 1,5 милион прегледи на Јутуб.

И во тоа нема ништо чудно. Едноставно маркетиншката агенција од градот Екатеринбург, „Штолман и Кац" успеа да го спои маркетингот со забавата и со веселата и динамична песна и сето тоа да изгледа како музички видео спот.

Во рекламата се појавува и музичарот шоумен Андреј Али.

- Со овој проект покажавме што значи вистински сибирски карактер. Тоа се се млади Сибирци, кои не се плашат од студ. За нив не постојат пречки. Колку им е само лесно да организираат аквапарк во дупка во ледена површина!", изјави претставник на агенцијата.

Рекламниот слоган на видеото целосно се поклопува со атмосферата: „На улица е минус, а во нашите срца – плус!". Видеото е снимено на минус 30 степени Цезиусови, поради што дел од опремата замрзнала.