Хисени: Во Сирија војуваат повеќе од 100 граѓани на Косово
Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени денеска изјави дека, според податоците на Министерството, моментно на страната на терористичките организации во Сирија војуваат повеќе од 100 граѓани на Косово, додека 40 се загинати.
Тој сепак нагласи дека засега на Косово не му се заканува опасност од верски екстремизам.
- Злосторствата, како што се тероризмот, трговијата со луѓе и шверц на дрога се феномени со кои е многу тешко да се борите без меѓународна соработка, а најдобар начин е целосно зачленување на Косово во меѓународните организции. Затоа аплициравме за членство во Интерпол и тоа барање е ставено на разгледување, истакна Хисени.
Косовскиот министер додаде дека полицијата вложила големи напори за спречување на криминалот во земјата.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност