Свет
25. January 2021 - 11:42

Хелге Браун: Новиот вид на коронавирус ќе стане доминантен

Новиот британски вид на коронавирусот ќе стане доминантен во Германија, истакна шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун.

- Во моментов гледаме дека веќе имаме работа со нов вид во неколку болници. Ова значи дека новиот вид влегол во земјата и дека, како и во другите земји, ќе го потисне стариот и ќе ни создаде проблеми - изјави Браун за јавниот сервис АРД.

Затоа, посочува тој, сега е важно да се задржи курсот, да се намали бројот на нови пациенти што е можно повеќе.