Хашим Тачи: Опозицијата сака насилно да ја преземе власта
Потпретседателот на косовската влада и шеф на дипломатијата, Хашим Тачи, смета дека блокирањето на работата на парламенетот, од страна на опозицијата не се прави за да се оспорат владините договори, туку, според него, опозицијата сака насилно да ја преземе власта.
Во интервју за тиранската телевизија Топ-чанел,Тачи вели дека нема да се дозволи во Косово да се повторат насилства како во земјите во регионот.
- Употребата на солзавец во Собранието на Косово, слободно можам да кажам дека е грозен, иритирачки чин на лидерите на опозицијата во Косово. Власта не се добива со солзавец, ни со ножеви и метални прачки, ни со вооружени лица во Собранието. Ние нема да дозволиме да се повторат лошите настани од другите земји во регионот. Затоа, мојата порака е за единство меѓу сите граѓани на државата, изјави Тачи.
Зборувајќи во име на најголемата политичка партија во земјата, Демократската парија, чик лидер е тој, Тачи додава дека последните случувања во косовското Собрание нема да влијаат ни врз односите во владината коалиција, ни пак на одржување предвремени избори.
- Може да соопштам дека нема да има ни проширување на владината коалиција, ни техничка влада, ни предвремени избори. Туку ќе има функционирање на инситуциите во целосна смисла на зборот. Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2018 година. Лидерите на опозицијата треба да имаат трпение и да се подготват за тие избори, порачува Тачи и ги повикува партиите да се вратат во парламентот.
Во споменатото интервју тој искажува голема убеденост дека Косово ќе стане членка на УНЕСКО и покрај противењето на Србија. Според него членството на Косово во УНЕСКО ќе отвори една нова перспектива во областа на образованието и културата за младите во Косово.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“