Харадинај: САД се против поделбата на Косово
Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска на прес конференција, по откривањето на споменикот на жртвите на нападот врз Кулите близначки на 11 септември, предупреди на опасноста од „српската пропаганда” против неговата земја заради напорите на Белград да се повлечат признавањата на косовската независност, пишува косовскиот весник „Газета Експрес”.
Во врска со смената на Џон Болтон од позицијата советник за национална безбедност, кој, според медиумите, е поддржувач на идејата за поделба на Косово, премиерот изјави дека САД го штитат Косово, а Болтон не ја поддржуваше идејата за поделба.
-За САД Косово е линија на фронтот. Убеден сум дека САД ќе бидат со Косово. Слушнавме многу гласини. Никој во САД не ја поддржува поделбата на Косово, вклучувајќи го и Болтон, рече Харадинај.
Тој повтори дека 100-отстоните царини за увозот од Србија, што минатата година го наметна неговата влада, ќе бидат повлечени само откако Србија ќе го признае суверенитетот на Косово.
-Царините ќе бидат повлечени само по признавањето, рече Харадинај за време на прес конференцијата во Приштина.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто