Балкан
2. May 2019 - 12:22

Харадинај: Државна цел на Косово е зачленувањето во НАТО

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по денешната средба со Меѓуминистерскиот комитет за зачленување и интегрирање во НАТО, порача дека зачленувањето во Алијансата е „државна и граѓанска цел на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај за средбата информира преку својот Фејсбук, при што нагласи дека Косово е поставено на страната на демократските земји, во поддршка на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко“.

– Косово ја институционализира аспирацијата за зачленување во Северноатлантскиот пакт со тоа што го стави во функција Меѓуминистерскиот комитет за зачленување и интегрирање во НАТО. Јакнењето на односите, зголемената присутност во Брисел, стратешката комуникација, како и вклучувањето на Косово во партнерски програми, го означува поаѓањето на Косово кон НАТО, напиша Харадинај.