Харадинај до Вучиќ: Треба да го признаете Косово за да спречите создавање на „Голема Албанија“
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и кандидат за иден претседател на државата, Рамуш Харадинај му порача на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека доколку сака да го спречи создавањето на „Голема Албнија“, Белград треба да ја признае независноста на косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Одговарајќи на денешната изјава на Вучиќ дека „Харадинај е опасен човек“ и дека неговата најава за референдум за обединување на Косово со Албанија „претставува закана не само за Србија, туку и за регионот, Европа и целиот свет“, поранешниот косовски премиер порача дека, се додека им изгледа опасен на српскиот претседател и на Србија, тоа е потврда дека се движи „во добра насока“.
Порачувајќи му на Вучиќ да не се плаши и да не се нервира, Харадинај на неговата страница на Фејсбук напиша дека „Косово го бара само тоа што му припаѓа“.
– Не се плашете г. Вучиќ. Нема потреба и да се нервирате. Косово го бара само тоа што му припаѓа. Доколку вие и останатите сакате да спречите референдум за обединување на Косово со Албанија во 2025 година, има еден многу едноставен начин: Србија да го признае Косово како независна држава. Понатаму Косово го знае својот пат за зачленување во НАТО, ЕУ и ОН. Со хистерична реторика нема да го спречите нашето право да ја дефинираме иднината на Косово, порача Харадинај.
Тој вели дека „сите треба да знаат“ оти неговата вчерашна „изјава и заложба за обединување со Албанија е резултат на постојаната небрежност на Брисел кон Косово“.
– Косово и неговите граѓани се најпрозападни и како такви не заслужуваат да бидат презирани, игнорирани и условувани до бескрај, напиша Харадинај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните