Балкан
23. December 2019 - 14:28

Хаос кај Граничниот премин „Трбушница“: Во експлозија на бензиска загина едно лице, а уште неколку се повредени

На бензинската пумпа „Нешковиќ“ во местото Доњи Шепак кај Зворник, дојде до експлозија при што едно лице е загинато, а има неколкумина повредени.

Босанските медиуми пишуваат дека до експлозијата дошло поради сообраќајка и дека наводно едно возило влетало во пумпата, а по неколку минути се слушнала силната детонација.

Целото место изгледало како Апокалипса, од бензинската немало ништо, а од околу биле целосно изгорени неколку автомобили.

Се појави и видео од силната експлозија. Автомобили целосно изгорени, чад и оган, рушевини на сите страни, оштетени возила