-->
-->
Хамилтон поитар од Розберг
-->
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтонпобеди на трката за Големата награда на Австрија откако во драматична завршница беше поумешен од клупскиот колега Нико Розберг. Во последниот круг на Хамилтон се обиде да го мине Розберг, кој беше лидер до тој момент, но Германецот погреши по што дојде до судир, а болидот на Розберг беше во лоша состојба.
Хамилтон извозе до првото место, а Розберг беше минат од Макс Ферстапен и од Кими Раиконен.
Трката на „Ред бул ринг“ беше исклучително интересна. Најпрвин механичарите го оневозможија Хамилтон да биде на првото место, а потоа Себастија Фетел остана надвор од трката откако му експлодира едната гума. Сите овие работи ги искористи Розберг, кој го имаше водството до последниот круг.
Во генералниот пласман води Розберг со 153 бодови, иако за инцидентот е под истрага, а Хамилтон има 142, додека на делба на третото место се возачите на Ферари Раиконен и Фетел со по 96 бодови. Кај конструкторите на првото место е Мерцедес со 295 бодови, пред Ферари со 192.
Следната трка се вози на 10.јули на патеката „Силверстоун“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто