Loading Video...
Ф1
21. November 2021 - 18:29

Хамилтон победник на Гранд-прито во Катар

Актуелниот првак Луис Хамилтон е победник на 20-та трка во Формула 1 шампионат што се возеше за Големата награда на Катар. 
 
Возачот на Мерцедес ја искористи пол-позицијата и седми пат сезонава прв ја мина целната рамнина. 
 
Покрај Британецот, место на пиедесталот обезбедија Макс Верстапен од Ред Бул и поранешниот светски првак Фернандо Алонсо кој за последен пат на пиедесталот се искачи пред седум години.
 
Верстапен останува лидер во Генералниот поредок со само осум бодови повеќе од Хамилтон, што гарантира големи возбудувања на последните две трки. 
 
Следната, претпоследната во сезоната, ќе се вози за две недели односно 5 декември кога на програмата е Гранд-прито на Саудиска Арабија