Loading Video...
Ф1
11. July 2020 - 17:05

Хамилтон најбрз на квалификациите на „Ред Бул Ринг“

Лошото време беше и бројните одложувања на квалификациите не му пречеа на Луис Хамилтон да оствари пол_позиција за утрешната трка во Формула 1 шампионатот 
 
Обилните врнежи од дожд во Шпилберг, Австрија им создадоа големи главоболки на организаторите на патеката „Ред Бул Ринг“ кои беа принудени да го откажат денешниот тренинг, а потоа по неколку одложувања,  сепак да ги одржат квалификациите за утрешната втора трка во новата сезона на Формула 1 шампионатот
 
На влажната патека најдобро се снајде светскиот првак Луси Хамилтон кој постави најбрзо време, па така утре тој ќе ја има пол-позицијата.
 
Во првиот стартен ред зад Британецот на Мерцедес  утре ќе биде Макс Верстапен со Ред Бул, а вториот ќе го пополнат Шпанецот, Карлос Сајнц Јуниор на Мекларен Рено и Валтери Ботас кој пред една седмица на истата патека победи на првата овосезонска трка. 
 
Разочарувачки квалификации денеска имаше Чарлс Леклер од Ферари кој иако минатата трка заврши како втор, денеска имаше лошо возење, па утре ќе стартува дури од 11-тата