Loading Video...
Ф1
25. August 2018 - 17:36

Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на белгиското Гранд-при

 
Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува одпол-позицијата на белгиското Гранд-при. 
 
Возачот на Мерцедес денеска постави најбрзо време во квалификациите за 13-тата трка сезонава во Ф1 првенството, која ќе се вози на патеката Спа. 
 
Зад него заврши пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, а пријатно изненадување направија возачите на Форс Индија, Естебан Окон од и Серхио Перез кои ќе бидат во вториот стартен пред, Роман Грожан (Хас) и Кими Раиконен (Ферари). 
 
Трката за ГН на Белгија ќе се вози утре (недела) со почеток од 15:10 часот.