Хамилтон: Јас просто се молев, моето срце скоро запре
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги сподели своите впечатоци по седмата победа на британското Гран при. Тој денес на четвртата трка од сезоната 2020 го освои првото место со голема мака во последниот круг кога му пукна предна гума.
– До последниот круг сè изгледаше добро, Ботас постојано вршеше притисок, ме одржуваше во добра форма. Кога слушнав за проблемите на Валтери, сфатив дека морам внимателно да возам. И кога ми пукна гумата, болидот се спушти, сфатив дека ова е проблем, но не разбрав колку е сериозен.
Продолжив да возам и само се молев да не ми се скрши предното крило за да можам да завршам. И така се случи. Јас сум многу изненаден. Големата предност ми дозволи да се надевам на најдоброто. И така се случи, но беше тешко. Само се молев, моето срце скоро запре.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо