Loading Video...
Ф1
18. July 2021 - 18:32

Хамилтон го искористи инцидентот со Верстапен и победи на британското Гранд-при

Луис Хамилтон е победник на 10-тата трка во Формула 1 шампионатот, што се возеше денеска на патека „Силверстоун“ за Големата награда на Британија
 
Возачот на Мерцедес го искористи инцидентот уште во првиот круг во кој учествуваа тој и неговиот ривал за шампионската титула Макс Верстапен, а по кој „подебелиот крај“ го извлече возачот на Ред Бул. 
 
Хамилтон беше казнет само со 10-секунди во пит стопот, но тоа не му попречи на Британецот на два круга пред крајот да го мише Леклерк од Ферари и да стигне до својата четврта победа сезонава. 
 
По оваа трка, Хамилтон ја намали предноста на Верстапен во генералниот порадок сега само на 8 бодови. 
 
Следната 11-та трка на програмата е на 1 август на паатеката Хунгаро ринг каде ќе се вози унгарското Гранд-при.