Loading Video...
Тенис
4. November 2018 - 17:27

Хачанов го изненади Ѓоковиќ во финале во Париз

 
 
руски тенисер Карен Хачанов приреди големо изненадување на АТП Мастерс турнирот во Париз. 
 
22 годишниот Русин го совлада топ фаворитот Новак Ѓоковиќ во финалето нна овој турнир и тоа во два сета. 
 
Во мечот кој траеше 1 час и 37 минути, Хачанов го доби првиот сет со 7-5, а вториот со 6-4, па на тој начин ја прекина серијата од 22 победи на Ѓоковиќ, кој веќе од утре повторно ќе биде на 1.место на АТП листата. 
 
За Хачанов ова е прв трофеј во кариерата освоен на Мастерс турнирите.