Фудбал
31. October 2020 - 9:03

Гвардиола сака да продолжи да работи во Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола изрази желба да продолжи да работи во тимот.

– Неверојатно сум среќен во Сити. Драго ми е што сум во Манчестер. Се надевам дека оваа година ќе можам да работам добра работа и да останам во тимот уште подолго, ги цитира „Goal.com“ зборовите на Гвардиола.

Шпанскиот фудбалски стручњак во Манчестер сити е од 2016 година и неговиот сегашен договор со клубот важи до крајот на сезоната 2020/21.

Со 49-годишниот Гвардиола на тренерското место, Сити освои два трофеја во Премиер лигата, еден ФА куп, три ЕФЛ купа и два Комјунити Шилд трофеја.