Гужвите се зголемуваат на границите - на „Богородица“ се чека до два часа
За излез од Македонија преку граничниот премин „Богородица“ времето на чекање изнесува речиси два часа, а двете страни на границата се споени со автомобили, чие пропуштање е многу бавно, изјавија за МИА граѓани кои се дел од долгите колони автомобили.
Претходно, од дежурната служба на ГП „Богородица“ информираа дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Воедно во овој период од годината е зголемена фрекфенцијата на возила на туристите.
Според последните податоци на Автомотосојузот на Македонија, на ГП Дојран се чека од 15 до 30 минути, а на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.
АМСМ информираше и за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
