Живот
7. February 2019 - 21:54

Гушкањето има бројни лековити својства: Ја лекува осаменоста, депресијата и стресот

Научници откриja дека прегратката има лековито својство и дека добро влијае на нашето психичко здравје, а особено помага за лекување на осаменоста, депресијата, анксиозноста и стресот.

Научниците тврдат дека гушкањето ослободува окситоцин во мозокот, кој може да поттикне чувство на интимност и да ја унапреди социјалната врска на две лица. Високото ниво на окситоцин допринесува романтична поврзаност, но исто така може да го намали чувството на осаменост. Професорот за когнитивни невронски мрежи Брајан Харе изјави за „Вашингтон пост“ дека гушкањето дури придонесува за лачење на окситоцин.

Важно е да се истакне дека окситоцинот може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и да го намали нивото на кортизол (хормонот на стрес) што резултира со чувство на задоволство, нежност и поврзаност.

Покрај тоа, гушкањето ослободува допамин, хормонот на задоволство, кој често се поврзува со хормонот на среќа. Лицата на кои им се дијагностицирани промените на расположението како депресија и анксиозност обично имаат ниско ниво на допамин и научно е докажано дека гушкањето им помага да се чувствуваат подобро.

Истражувањето кое е спроведено на Универзитетот Carnegie Mellon во Питсбург покажа дека луѓето кои повеќе се гушкаат се помалку под стрес.