Груевски: Нека е вечна Македонија!
Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во Будимпешта, се огласи со честитка на Фејсбук.
- Нека е честит и нека е вечен празникот 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
Денот кога во 1893 година е одржан првиот состанок на основачите на МРО (подоцна ВМРО) на кој заеднички ја прифатиле и се обврзале да се борат за идејата, дека е потребна подготовка и водење на организирана револуционерна борба за слобода на Македонија.
Нека е вечна Македонија!
Со целите на нашата генерација: европска, демократска, слободна, праведна, економски силна, но и суверена Македонија!
П.С. Во продолжение за оние кои сакаат да прочитаат околу почетоците на организацијата извадоци од три книги:
1. Монографија за првиот претседател на ЦМРК(1893-1901), еден од шесте основачи и подоцна член и советник на задграничниот комитет на ВМРО во Софија од 1902 до 1912, Д-р Христо Татарчев, од Владо Поповски, едиција ,,Македонски дејци” 2016
2. ,,Основи на внатрешната револуционерна организација” од Христо Матов еден од најзначајните раководители и идеолози на ВМРО, прв претседател на Скопскиот револуционерен комитет, член на ЦК на ТМОРО (подоцна ВМРО) од 1898 до 1901, член на задграничносто преставништвон на ТМОРО во Софија 1907-1908 година. Едиција ,,PROMACEDONIA”, 2014 година, и
3. Монографија за Борис Сарафов, еден од најистакнатите, најавторитетните и највлијателни револуционери и водачи на македонската револуционерна организација, од Никола Жежов, едиција ,,Македонски дејци”, 2019 година, напиша тој.
Ново на Сител
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава