Македонија
24. October 2015 - 16:18

Груевски: Македонија не е само Клубот на пратеници

Македонија не е само Клубот на пратеници. Македонија е секое село и град, секоја фабрика и инвестиција. Премиерот Груевски во историскиот говор на денот на одбележување на македонската револуционерна борба со силна порака. Фокусот на евроатланската агенда ќе овозможи услови за напредок на државата.

Премиерот во името на сите граѓани на Македонија упати силна порака и до Европската Унија. Бараме седма позитивна препорака за старт на преговорите за членство.

Во државничкиот говор, Груевски потенцираше дека земјата останува посветена на НАТО и Европската унија.

Тој ги повика сите политички субјекти да ги стават државните пред партиските интереси бидејќи само така може да се постигне успех за државата.