Македонија
9. December 2015 - 16:23

Груевски ќе сведочи пред анкетната комисија, Заев недостапен за судството

На 14ти декември премиерот Груевски ќе присуствува на сослушување на анкетната комисија пред пратениците за скандалот со прислушувањето. Членовите на анкетна добија информација  дека Груевски е во официјална посета на Израел  и е спречен да биде денеска сослушан. Известување до комисијата пристигнало и  од министерот за финансии Зоран Ставревски дека ќе биде во можност да дојде на сослушување на 17 декември. За претседателот на анкетна Шилегов ова е обид за опструирање на работењето на комисијата.

Милошовски возврати дека очигледно Шилегов не е задоволен од фактот дека Никола Груевски е подготвен да даде изјава, за разлика од Зоран Заев кој со месеци бега од судските органи.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ предлагаа повеќе точки на дневен ред со цел да биде ефективно работењето на комисијата но тоа за членовите од СДСМ не беше прифатливо.Милошовски предложи да се формира работна група која ќе ги посети МВР иУБК, да се усвои барање до МВР за издавање на безбедносни сертификати на оние членови кои сеуште немаат,  барање за извештај од техничкиот министер за внатрешната истрага за прислушувањето,  а дури потоа да се направи распоред и да се сослушуваат сведоци.