Македонија
14. October 2016 - 15:54

Груевски-Хан: Исполнети условите за одржување на изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и комесарот за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан на денешната средба констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочил дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти. ВМРО-ДПМНЕ, рекол претседателот на партијата, принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите.

На средбата било разговарано и за предизвиците со мигрантската криза каде Република Македонија во досегашното справување даде значаен придонес, при што за понатамошни активности било заклучено дека е потребно заедничко и координирање делување соглашно стратешките определби на Унијата.

На средбата, како што стои во соопштението, соговорниците размениле мислење за повеќе сфери и области вклучително актуелните политички случувања, темата со изборите и случувањата со мигрантската криза.