Македонија
23. April 2020 - 12:27

Грејната сезона може да трае до први мај

Согласно регулативата, грејната сезона трае до 15-ти април, но зависно од временските услови може да биде продолжена до 30-ти април. Во период од 16-ти до 30-ти април испораката на топлинска енергија се врши само доколку прогнозиранатата средна температура во следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови.

Согласно податоците од управата за Хидрометеоролошки работи, конечна одлука за испорака на топлинска енергија во деновите после официјалното завршување на грејната сезона 15-ти април носи РКЕ, се вели во дописот од „Балкан Енерџи Груп“.