Бизнис
11. May 2016 - 19:32

Греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва

Употребата на пелети за огрев, во домаќинствата и деловните објекти во земјите од Европската унија има пораст од 25% во периодот од 2011 до 2014.

Со 18,8 милони тони потрошувачка, ЕУ е корисник на 74% од вкупното производство на пелети во светот, велат податоците.

Проектот кој вчера го промовираше Груевски предвидува до 70% субвенција за набавка на печки на пелети, со замена на печките на дрва по принципот „старо за ново“ или најмногу до 30.000 денари по домаќинство.

Се предвидува и поддршка за набавката и потрошувачката на самите пелети со намалување на ДДВ  од 18% на 5%.

Како што рече Груевски, и јавното претријатие Македонски Шуми ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети кои на пазарот ќе ги нуди понудени на пазарот по конкурентна цена.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво.

 Новите печки, шпоретите и камините на дрва имаат фактор на загадување 9 пати поголем поголем отколку тие на пелеети, а старите печки на дрва загадуваат и до 20 пати повеќе.

Тоа говори дека воведувањето на овој виде грејни тела ќе има значителен придонес за намалување на ПМ честитчките во земјата.