Македонија
22. February 2019 - 16:43

Грција очекува од септември учебниците да бидат исчистени од иредентистички содржини

Грција очекува од септември македонските ученици да почнат да учат по наставна програма која ќе биде исчистена од сите материјали кои ќе се оценат како иредентистички и спорни.

Заменикот министер за надворешни работи кој воедно е и предводник на грчкиот експертски тим Маркос Боларисво интервју вели дека целиот процес на ревизија мора да заврши брзо и ефикасно. тој најави дека на селедната средба која ќе се одржи на почетокот на март, македонско - грчкиот комитет ќе се фокусира на учебнивите по историја и географија од основното образование.

Боларис истакна дека посебен акцент ќе се стави на илустрациите, како што се сликите и мапите, кои според Грција, имаат иредентистички и ревизионистички елементи.

Ова ќе биде втора средба на заедничкиот комитет. Грчките експерти на првиот состанок кој се одржа во Солун, излегоа со три барања до македонската страна, прво наставниците да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, второ од македонските учебници да се исфрлат сите античко грчки симболи и трето да се отстранат мапите во учебниците, но и оние кои се користат како помошен материјал, а во кои се прикажува Голема Македонија.

Според шефот на грчкиот тим, Боларис, сите овие барања се темелат врз договорот од Преспа. Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања беше формиран во септември.