-->
-->
Грција доставила официјално барање до САД за набавка на Ф-35
-->
Грција потпиша и испрати барање до САД за набавка на американски Ф-35, што е прв чекор од долгиот и планиран процес, брифирале грчки владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите во медиумите во Грција земјата планира да набави 20 авиони во првата фаза, со можност за уште дополнителни 20 во иднина.
Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотпулос пред еден месец соопшти дека веднаш ќе се почне со процесот за набавка на американски воени авиони Ф-35, а самата набавка ја најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на САД кон средината на мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени