Грчкото МНР со препорака да не се патува во Украина, Дендиас можно е денеска да го посети Киев
Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, ги повика грчките граѓани да не патуваат во Украина, а на оние кои се таму, веднаш да ја напуштат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР посочуваат дека „со оглед на тоа што безбедносната состојба во Украина и понатаму е нестабилна и несигурна“,продолжува да важи она што беше наведено во соопштенијата од 14 и 22 февруари 2022 година, односно издадените препораки пред почетокот на војната.
-Министерството за надворешни работи продолжува силно да ги обесхрабрува сите патувања на целата територија на Украина. Истовремено, на грчките граѓани кои се наоѓаат во земјата им се препорачува веднаш да ја напуштат. Исто така, се препорачува грчките граѓани кои сè уште не заминале, веднаш да ги пријават своите податоци за контакт во грчката амбасада во Киев, соопштија од грчкото МНР и додадоа дека амбасадата во Киев продолжува да работи со минимум потребен персонал.
Паралелно, не е исклучена можноста министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, денеска да го посети Киев, нешто што самиот го најави вчера, иако, нема официјална најава или потврда.
Вчера, пред почетокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија во Луксембург, Дендиас рече дека на состанокот ќе стане збор за ситуацијата во Украина во конкретната фаза во справување со руската инвазија.
-За мене ова е исклучително важно, бидејќи се надевам дека утре ќе можам да бидам во Киев, рече вчера шефот на грчката дипломатија.
Дендиас, утрово ги информира претставниците на политичките партии за последните случувања во грчката надворешна политика, па евентуалната посета на Киев, веројатно би била попладне.
Ново на Сител
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
-

Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери
-

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
-

Мицкоски - Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите
-

Aвстралија официјално ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
