Грчките земјоделци блокираат камиони на Меџитлија, сообраќајот за автомобили се одвива регуларно
Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на МИА, земјоделците од северозападна Грција блокадата ја најавија за периодот од 12 до 16 часот по локално, односно од 11 до 15 часот по македонско време, а кусо по почетокот на блокадата автомобилите поминуваа без проблеми, иако сообраќајот бил со намален интензитет во споредба со претходните денови.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека земјоделците кои се собрани на граничниот премин паралелно ќе ги информираат возачите и патниците за нивните барања.
Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник.
Освен блокадата на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, засега не се најавени блокади на другите гранични премини кон соседните земји на Грција.
Ново на Сител
-
Прекинат бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, учениците утре продолжуваат со настава
-
Жител на Могорче сакал да подигне брз кредит со туѓи податоци
-
Советот на ЕУ одобри дополнителни 4,2 милијарди евра помош за Украина
-
Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин
-
Путин: Никој нема да може да ја освои или скрши Русија
-
Трамп најави дека ќе ја назначи својата соработничка Алина Хаба за претседателски советник
-
Шест војници загинаа во судир на два турски воени хеликоптери
-
Конте по поразот од Лацио: Овој натпревар јасно покажа дека Наполи е на добар пат