Грчкиот Парламент одобри 43 предлози за уставни измени
Без изненадувања и без пресврт заврши второто и последно гласање во грчкиот Парламент за предлог измените на одредбите од грчкиот Устав. Сите предлози што добија зелено светло од пратениците на првото гласање минатиот месеци, беа и вчера изгласани, јави дописничката на МИА од Атина.
Со тоа актуелниот Парламент го отвори патот за уставните промени кои ќе ги донесе следниот состав на Парламентот, што ќе произлезе од изборите.
На дневен ред беа 32 предлози од СИРИЗА, четири од пратеничката група на Нова демократија и седум од пратеници од различни партии кои минатиот пат добија минимум 151 глас.
Предлогот на СИРИЗА за членот 32 од грчкиот Устав што се однесува на одвојување на изборот за Претседател на државата од предвременото распуштање на Парламентот доби 224 гласови од вкупно 300 пратеници. Со поголема поддршка во споредба со првото гласање помина и предлогот за верска неутралност на државата.
Гарантирање на индивидуалните и социјалните права, забрана на родова дискриминација поради родот и сексуалната ориентација, ограничување на пратеничкиот имунитет, ратификување на меѓународни договори со референдум, замена на премиерот поради здравствени причини, гарантирањето на независноста кај воените судии се дел од уставите измени кои од грчкиот Парламент добија зелено светло на првото гласање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација