Македонија
17. July 2018 - 16:20

Грчкиот бизнисмен со руско потекло Иван Савидис демантира вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби

Со закани за тужби, рускиот бизнисмен Савидис демантира било каква вмешаност во протестите во Макеоднија. Во писмено соопштение од неговата компанија најавија правна разврска на целиот случај.

„Jасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема никаква врска или вмешаност со она што се споменува во апсолутно невистинитиот и крајно клеветнички текст. Затоа, веќе во следните часови и искористувајќи ги сите правни средства што ни се на располагање, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава“, пишува во соопштението од групацијата компании во сопственост на Иван Савидис

Реакцијата на Савидис доаѓа по текст објавен од регионална истражувачка мрежа во соработка со Базфид и невладина организација од Македонија во кој се тврди дека рускиот милијардер исплатил најмалку 300.000 евра на луѓе кои се декларирале како противници на преименувањето на Македонија, меѓу кои и навивачи од групата Комити.

И премиерот Заев вчера во изјава за американскиот портал базфид рече дека дел од приведените Комити во полиција признале дека рускиот милијардер исплаќал пари на навивачи.

Од Комити за Сител велат дека во навивачката група не влегол ниту еден еден денар од било каков донатор и дека ваквите обвинувања се само дел од политичките притисоци кои ги очекувалеи  на кои претходно предупредиле. Сепак, ја поздравуваат најавената истрага на полицијата и апелираат доколку некој од Комити земал пари за да излезе на протести, неговото име час поскоро да биде јавно објавено.

И официјална Москва повика на истрага. Во писмена реакција која вчера ја лиферуваше руската амбасада во Македонија се бара владата да покаже докази а не како што се вели конструкции. За руската амбасада ваквите постапки на највисоките македонски функционери  имаат за цел само ширење на русофобија во Македонија.

Премиерот Заев и денеска останува на својот став. Вели дека со Русија сака пријателски односи

Дипломатската преписка на релација Скопје – Москва и наводното руско мешање во внатрешната политика во Македонија е топ тема и во соседна Грција кој исто така памети подобри денови во дипломатските односи со Русија откако неодамна протера двајца руски дипломати од Атина.

Рускиот бизнисмен  Иван Савидис ги наполни страниците на светските медиуми откако пред неколку месеци со пиштол влета на теренот и го прекина мечот меѓу неговиот клуб ПАОК и атинскиот ривал АЕК.