Грчката опозиција бара од Владата во Атина да ги ратификува меморандумите со Македонија
Најголемата грчка опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис брзо да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Македонија, како дел од Договорот од Преспа, по најавите дека Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува денеска „Еурактив“.
„Еурактив“ наведува дека твитот на премиерот Зоран Заев оти националниот фудбалски тим е составен од „македонски играчи, албански играчи, Бошњаци итн. […] Тие се Македонци […] и ја претставуваат Република Македонија“, предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која излезе во јавноста со најава дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми.
Меморандумите, кои се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Македонија кон ЕУ и контрола на воздушниот простор, се замрзнати повеќе од една година и требаше да бидат ратификувани во јули.
– Донесете ги меморандумите во Парламентот. Престанете да играте со европската иднина на Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан, изјави пратеникот на Сириза, Костас Захаријадес, додавајќи дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.
Спопред Захаријадес, Владата бара изговор за одложување на процесот поради противењето на некои пратеници од Нова демократија.
„Еурактив“ потсетува дека Договорот од Преспа беше потпишан кога Сириза беше на власт. Нова демократија тогаш беше против, но по доаѓањето на власт се изјасни дека ќе го почитува зашто станува збор за меѓународен договор.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација