Бизнис
6. December 2017 - 19:40

Граѓаните уште годинава ќе поднесуваат ГДП на шалтерите на УЈП

Догодина последен пат ќе се поднесува ГДП на шалтерите на УЈП. Хартијата ќе замине во историјата во 2019 година. Новата алатка која овозможува електронско пријавување и плаќање на персоналецот е готова. Сите пресметки за персонален данок од 01 јануари 2018 ќе се прават електронски, а од 2019 година УЈП електорнски ќе издава и пополнета ГДП.

Законските измени кои треба да овозможат поедноставување на процедурите се готови, се чека Собранието да ги усвои.  Со нивната примена од Нова година УЈП ќе се изедначи со даночните управи од европските земји.

Е- персоналецот ќе овозможи и поефикасна наплата на даноци, како и намалување на даночната евазија. Проектот е финансиран од ЕУ со околу 100 илајди евра, а европските претавници во земјава повикуваат на посилна контрола и поголема транспарентност за трошењето на собраните пари.