Балкан
1. October 2016 - 12:29

Граѓаните на БиХ утре бираат нови органи на локалните власти

Во Босна и Херцеговина утре ќе се одржат локалани избори, на кои жителите на оваа поранешна југословенска рапублика во периодот од 7 до 19 часот, треба да ги изберат градските и општинските власти за следните четири години.

Како што јави Фена, на утрешното гласање треба да бидат избрани 74 општински совети, четири градски совети, 131 општински началнци и 10 градоначалници во Федерацијата Босна и Херцеговина, 57 општински собранија и шест градски собранија во Република Српска, како и членови на Собранието на Дистирктот Брчко.     

Избори нема да се одржат само во Мостар, затоа што Уставниот суд на БиХ уште во 2010 година ги поништи одредбите од Изборниот закон кои се однесуваат на овој град. Последен пат локални избори во Мостар се одржаа во 2008 година. 

На утрешните избори учествуваат 102 политички партии, 103 коалиции, 171 независни кандидати и 69 независни кандидатки листи.

Според Централниот избираччи список, за овие локални избори се регистрирани 3.263.906 гласачи, кои своето гласачки право ќе можат да го остварат на 5.469 избирачки места.

Во пресрет на изборите, во БиХ денеска стапи во сила предизборниот молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места.

Првите резултати од изборите се очекуваат утре вечер.