Бизнис
12. October 2018 - 16:44

Граѓаните ќе се спасат од каматите на старите долгови само ако не се распушти Собранието

Граѓаните ќе куртулат од каматите за старите долгови само ако не се распушти Собранието. Законот го помина комисискиот филтер и во него се вградени амандамните кои произлегоа од барањата на здруженијата на граѓани. Текстот предвидува Законот да стапи во сила веднаш по објавувањето во Службен весник, а не по три месеци како што претходно беше предвидено. Извршителите ќе наплатуваат вкупно 20% од трошоците, а приватните фирми кои треба да ги избршат каматите имаат рок од десет дена да донесат одлука за отпис.

Законот е предлог на сите политички партии, односно на околу 90 пратеници и од власта и од опозицијата. Во подготовката учествувале и сите доверители кон кои граѓаните имаат долгови.

Седницата на која би се гласал овој закон ќе биде ставена на дневен ред по завршувањето на седницата за уставните амандмани. Ако нема консензус и дојде до нови избори, Законот за отпис на каматите ќе чека да се состави нов парламент.