Македонија
25. November 2021 - 10:52

Град Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа пред два дена во Бугарија.

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.

– Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, информира Град Скопје.