Кошарка
7. April 2021 - 17:45

Гостивар го надигра МЗТ Скопје, а Еуро Никел славеше против Кожув

 
По израмнетата прва четвртина која домаќините ја добија со два поени разлика (19-17) на стартот на вториот период Гостиварци направија серија од 12-0, а на противникот на крајот на полувремето му дозволија да постигне само 6 поени, па на одмор заминаа со предност од 16 поени (39-23). 
 
Во ист ритам продолжи и третиот период, па домаќините во последниот влегоа со убедлива предност од 22 поени (54-32), која на кракот се покажа како доволна за со конечни 65-51, Гостиварци да стигнат до 11-тата победа, прва под водство на новиот тренер, Алек Јончевски. Аеродромци кои денеска беа без капитенот Стојановски и првиот тренер Радуловиќ, го претрпеа петтиот пораз во 13-тиот натпревар.
 
Во вториот натпревар Еуро Никел славеше над Кожув со 84-75 со што кавадаречкиот тим сега има ист број на бодови 32 како и прво пласираниот Пелистер кој пак има и натпревар помалку.