Живот
13. July 2019 - 14:32

Големо откритие во Егејското море: На мал остров пронајдена пирамида стара 4.500 години

Археолозите истражуваат мал остров во Егејското море каде, како што сметаат се наоѓа една од најстарите градби од античкиот свет.

Островот Керос бил еден од најимпресивните локации на Егејското море во периодот од 3000. дo 2000. година пред новата ера, во зенитот на грчката цивилизација.

Тука се наоѓа структура во форма на пирамида, а изградена од мермер донесен од блиские егејски острови со дрвени бродови. Стара е околу 4.500 години.

„Тоа беше најголема праисториска транспортна операција. Покажува колку на народот во бронзеното време му била важна поморската врска“, рече археологот Џулијан Вајтрајт.

Голем дела од товарот со мермер пристигнувал од островот Наксос, а според некои проценки, се смета дека за тоа биле потребни околу 3.500 пловидби со 24 морнари кои без престан би веслале на отворено море околу 5 часа.

Грците изградиле голема структура, користејќи 10.000 тони мермер, комплетно менувајќи ја формата на Керос, остров денеска познат како Даскалио.

Праисториските градители на Даскалио подигнале масивни терасести ѕидови на површина од 1.3 хектари, па така целиот остров изгледал како скалеста мермерна пирамида.

Ширум островот се пронајдени и ножeви, разни алатки и скулптури.

Наодите укажуваат и дека Керос бил најстар регионален верски центарот на Егејот, претходник на блискиот Дилос кој важел за родно место на Аполон, богот на музиката и светост на древните Грци.

Пирамидата од Даскали е отприлика иста старост како и британскиот Стоунхенџ или првите египетски пирамиди.

Очигледно градбата на пирамиди била својствена на многу народи ширум светот, зошто се познати и оние на Ацтеките.