Балкан
22. јуни 2016 - 11:14

Големиот шумски пожар на Кипар воглавно под контрола

Кипарските власти се надеваат дека денеска ќе биде изгаснат еден од најголемите шумски пожари на осторвот, бидејќи огнот е ставен под контрола на многу фронтови.

Портпаролот на кипарското Министерство за шумарство Андреас Кристу изјави дека ветерот ги отежнува напорите на пожарникарите за гасење на огнот.

Во гаснењето на пожарот, што избувна во неделата, учествуваат 20 „Канадери“ од Кипар, Франција, Грција, Италија, Израел и Велика Британија.

Огнот уништи повеќе од 15 квадратни километри на 150 години стара борова шума. Во справувањето со огнената стихија загинаа двајца пожарникари.