Голема заинтересираност на дебарските пензионери за бесплатна бања и викенд

Голема заинтересираност владее меѓу пензионерите од општините Дебар и Центар Жупа, за користење на поволностите што се даваат со владниот проект за бесплатна бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд.
Оваа оценка ја даваат во Деловната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Дебар, која со својата активност ги покрива двете општини.
- За само неколку дена од објавувањето на известувањето пријавени се повеќе од триесет пензионери, главно за бањско климатска рекреација. Оваа бројка е навистина повеќе од задоволителна ако се имаат предвид временските услови и возраста на лицата, но секако и рокот кој е до 20-ти февруари, вели Бардул Баланца, референт во
дебарската единица.
Според него на бесплатна бањско климатска рекреација во изминатите шест години биле 340 пензионери од општините од двете општини, додека во изминатите две години на бесплатен туристички викенд 44 пензионери.
Пензионерите од здружението Дебар-Центар Жупа право на бесплатна бања го реализираат во Дебарските Бањи-Цапа, заедно со пензинерите од општините од југозападниот регион на државата.
Туристичкиот викенд го минуваат во некој од хотелите покрај Охридското и Преспанското Езеро.
И едните и другите, оценува Баланца, се презадоволни и од поволноста на Владата, но и од сместувањето и услугата која ја добиваат.
Ново на Сител
-

На Ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
-

Од следната недела стабилно и топло време
-

Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава
-

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
-

Мицкоски: Очекувам славенички амбиент по историската победа на локалните избори и така да продолжиме
-

Неготинец силувал скопјанка, снимал со телефон и потоа ја уценувал со снимениот материјал
