Голема трагедија викендов во Македонија: Две лица загинаа во сообраќајка, две се повредени
Две лица го загубија животот, а уште две со тешки телесни повреди завршија во Клиничката болница Штип по синоќешната тешка сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Кочани - Делчево, пред влезот на Делчево покрај населбата Басарица.
Според информацијата на Гоце Стојменовски, раководител на Итната медицинска служба, несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути, во неа учествувале 4 возила, а засегнати биле 6 лица во возилата.
- За жал, на лице место од внатрешни повреди и крварење почина 70-годишниот С.Ј. од Делчево, додека 61-годишната Д.А., исто така од Делчево, со внатрешни повреди и скршеници по раце и нозе почина во Клиничката болница во Штип, а нејзиниот син и снаа со тешки телесни повреди се задржани во Клиничката болница Штип, додека другите две лица се со полесни повреди, рече Стојменовски.
Тој додаде дека Итната медицинска служба реагирала брзо и навремено, а во интервенцијата и транспортот до болницата учествивале лекари од секундарното здравство и матичен лекар.
Според првичните информации, несреќата ја предизвикала возило кое со голема брзина се приклучило од спореден пат од населбата. Полицијата направи увид на местото на несреќа, но повеќе детали за сообраќајката, засега не се соопштуваат.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација