Свет
14. May 2018 - 10:56

Голема трагедија : Невеста и младоженец загинаа неколку часа пред венчавката

Наместо свадба организирале погреб. Луана Алвес (36) и нејзиниот вереник Родриго Ногуира (31) загинале во петокот во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Бразил. Несреќата се случила неколку часа пред нивната венчавка. 
 
Луана и Родриго брзале накај дома за да се подготват за големиот настан. Во еден момент Родриго дал гас за да го претекне возилот кое било пред него и направил судар со возилото кое доаѓало од спротивната страна. Луана загинала на лице место, а Родриго им подлегнал на повредите во болницата неколку часа подоцна. 
 
Роднините во шок, наместо венчавка организирале погреб.