Живот
30. May 2016 - 14:02

Голема трагедија: Девојка во паника застана на пруга - загина на лице место

Воз на лице место усмрти 20-годишна девојка во Србија, сериозни повреди се здобиле нејзната мајка и соседот. Ужасната несреќа  ја видел нејзиниот татко кој останал скаменет од стравичната глетка. 

- Валентина застани, вриснала нејзината мајка. Но Валентина најверојатно се збунила и тргнала па потоа застанала на пругата токму кога од левата страна доаѓал возот, со трепелив глас изјавила Кристина која била во автомобилот но за среќа таа успеала да се спаси. 

- Бев на сувозачкото емсто. Успеав да ја отворам вартата и се фрлив и така едвај преживеав жива глава, изјавила потресената Кристина која само таа поминала без гребнатинка во стравичната несреќа. 

Автомобилот од силниот удар завршил во ендек. на местот загинала Валентина која управувала со автомобилот.

- Помош, помогнете ми - вриштела Кристина додека следел силниот удар слушнала стравични крици на запомаѓање. 

На помош веднаш пристигнале луѓето кои живееле на тоа место и почнале да ги вадат патниците од смачканиот автомобил.