Живот
16. October 2015 - 16:33

Голема промена се случи денес на Фејсбук

 
Од време на време Фејсбук прави промени на своите страници.  Некогаш промените се големи, некогаш мали, а овојпат Фејсбук промени нешто што со години беше исто.
 
Се работи за звукот кој ги слушате кога некој ќе ви прати порака преку чатот.
 
Новиот звук не е толку нападен како претходниот бидејќи тоновите се помирни.
 
Покрај ова, чатот доживеа уште една промена. Сега на пријателите можете да им праќате гифови. Досега тоа беше можно само преку месинџер апликацијата.