Свет
15. August 2016 - 21:25

Голем пожар во Калифорнија

Повеќе од илјада пожарникари се ангажирани во гаснење пожар на околу 160 км северно од Сан Франциско, во кој од синоќа изгореа 1,200 хектари земјиште.

Досега само пет отсто од пожарот е ставен под контрола.

- Високите температури и сушата во државата дополнително создаваат услови за пожар во Калифорнија, наведуваат во соопштение од Одделот за вонредни ситуации на Калифорнија. Пожарот брзо се шири кон север и жителите мора да бидат евакуирани, се додава во соопштение.

Во тој регион во 2015 година имаше голем пожар во кој загинаа четири лица и беа уништени околу 1.300 куќи и опустошени 31.000 хектари земја.