-->
-->
Голем напад на Израел во Сирија
-->
Израелските власти денес соопштија дека рано наутро извршиле „напади од широки размери“ врз „ирански и сириски терористички цели“, откако одекнаа експлозии околу сирискиот главен град Дамаск, а Русија предупреди дека израелските напади ќе доведат до ескалација на тензиите.
Мети на нападите биле цели на иранските сили Кудс, силите на иранската Исламска револуционерна гарда и сириската војска, напиша на Твитер израелската војска.
Израел возврати за ракетите за кои тврди дека иранските сили во Сирија ги испукале во нивна насока синоќа.
„Сирискиот режим го сметаме за одговорен за акциите кои се случија на сириска територија и ги предупредуваме да не дозволуваат понатамошни акции против Израел“, истакна израелската војска.
„Ќе продолжиме цврсто да дејствуваме против иранските сили во Сирија онолку колку што ќе биде потребно“, се додава.
Сириските противвоздушни системи ги пресретнале „интензивните израелски напади“ и уништиле поголем дел од ракетите користени во нападот, соопштија сириските државни медиуми.
Од шрапнели на израелските ракети што погодиле куќа во градот Саса југозападно од Дамаск загинаа два цивили, соопшти сириската новинска агенција САНА.
Русија ги осуди израелските ракетни напади врз сириска територија соопштувајќи дека тие претставуваат кршење на меѓународното право.
„Нападите врз територијата на суверена држава целосно го кршат меѓународното право“, изјави заменик шефот на руската дипломатија Михаил Богданов.
„Израелските напади ќе доведат до ескалација на тензиите“, заклучи тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци