Фудбал
22. February 2020 - 9:04

Голеада во Севиља: Возбудливо реми на Бетис и Мајорка

Фудбалерите на Бетис и Мајорка одиграа во Севиља нерешено 3:3 во 25. коло од Примера.

Мајорјка водеше два пати, а Бетис на почетокот на второто полувреме направи пресврт.

Сепак, Мајорка изедначи и освои бод со гол во 70. минута.

Бетис е 12. на табелата со 30 бодови, додека Мајорка има 22 и го зазема 17. место во шпанското првенство.