Loading Video...
Кошарка
15. January 2022 - 13:50

Голден Стејт во „дербито“ го демолира Чикаго

Иако требаше да биде дерби на вечерта имајќи во предвид дека играа најдобриот тим од истокот и второ рангираниот на западот, сепак средбата меѓу Чикаго и Голден Стејт не го оправда приматот. 
 
За тоа се погрижија гостите од Сан Франциско кои целата работа ја завршија уште во првото полувреме кои го добија со дури 31 поен разлика уфрлајќи им на Булси 78 поени.
 
Дури шестмина играчи во победничката екипа постигнаа двоцифрен број поени, а најмногу Џонатан Куминга 25. Џордан Пул придодаде 22, Ендрју Вигинс 21, а Стеф Кари броеше до 19 поени, за конечни Голден Стејт – Чикаго 138-96. 
 
Сепак „Воините“ останаа на втората позиција во Западната конференција бидејќи екипата на Феникс славеше на гостувањето кај Индијана 112-94. 
 
Од останатите дуели ја издвојуваме победата на Далас на гостувањето кај Мемфис со 112-85. 
 
Предводени од Словенецот, Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл со 27 поени, а 12 скока и 10 асистенции, тимот н Далас ја прекина одличната серија од дури 11 победи на Мемфис.