Годишната инфлација во Грција 11,6 отсто
Од споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени во месец јули 2022 година со соодветниот индекс од јули 2021 година, произлезе пораст од 11,6 отсто, наспроти зголемувањето од 1,4 проценти во споредбата на 2021 година со 2020 година, соопштија од грчката служба за статистиката во месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Годишната инфлација во јули е за 0,5 проценти пониска во споредба со минатиот месец кога со 12,1 отсто претставуваше и рекорд во изминатите најмалку 25 години. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од јули 2021 година, до јули годинава, најголемо зголемување на цените има кај природниот гас за 178,9 отсто, на електричната енергија за 55,8 проценти, нафтата за греење се зголемила за 65,1 отсто, а зголемување на цените има и кај прехранбените продукти.
Маслата и мастите се поскапи за 27,3 проценти, лебот, житните производи и месото за 16,7 отсто, млечните производи и јајцата за 16,4 проценти, а зеленчукот за 11,3 отсто. Годишната инфлација во Грција во март беше 8,9 отсто, во април 10,2 отсто, а во мај 11,3 проценти, во јуни 12,1 отсто, а во јули, со 11,6 отсто бележи благ пад.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден