Балкан
31. July 2018 - 14:54

Го тужи премиерот, министрите и другите политичари за пожарите на југот на Грција: Ципрас, ти си виновен за смртта на 91 лице

Поранешниот морнарички офицер Панајотис Стаматис го тужи грчкиот премиер, министрите и другите одговорни лица за криминални активности и несовесно вршење на службата.

Borba protiv vatrene stihije

Грчките власти потврдија дека во пожарите што минатата недела ја погодија Атина загинаа 91 лице, но по 25 се уште се трага, па тој број би можел да порасне.

Само неколку часа откако властите соопштија дека е уапсен човек кој го предизвикал најсмртносниот пожар во Европа, пензионираниот морнарски офицер Панајотис Стаматис ја поднесе првата тужба против одговорните, меѓу кои го вбројува и премиерот Алексис Ципрас, неговите министри, персоналот од министерствата како и избраните претставници од погодените области.

Сите се одговорни

-Ја поднесувам тужбата против сите одговорни, вклучувајќи го и премиерот, министрите, избраните официјални лица од Атика. Барам против нив да се покренат обвиненија за криминални активности, вкучувајќи и убиство, предизвикување општа опасност и несовесно вршење на службата. Ниту еден од официјалните лица не направи ништо да се евакуираат запалените населби, додека странските амбасади на своите државјани им испратија мејлови во кои ги известуваат за пожарот, наведе Стаматис.

Инаку, Ципрас веќе се најде на удар поради пожарите и лошата евакуација на загрозените, а го критикуваше и опозицијата и Грчката православна црква. Тој во петокот и сам презеде политичка одговорност за катастрофаа, но ги бранеше спасувачките служби.

Vatra je uništavala sve pred sobom

Противпожарната бригада соопшти дека бројката од 25 исчезнати е утврдена по прегледот на сите достапни информации и извештаи, пренесе АНА.

Форензичката служба до сега изврши процес на идентификација на 59 тела на настраданите, додека остануваат уште 28. Уште четири лица им подлегнаа повредите во атинските болници после пожарот, соопшти Националниот центар за здравствени операции. Меѓу настраданите има и три деца - две близначки и едно момче - чија судбина ги разжалости сите во земјата и кои се идентификувани меѓу последните. Една мајка исто така го загуби синот (11), ќерката (13) и сопругот (54), а медиумите наведуваат дека одно шестмесечно бебе починало во болница.

Според податоците на Центарот за истражување на епидемии и катастрофи, станува збор за шумски пожар со најголем број на настрадани во Европа од 1900 година.

Куче преживеа во печка

Спасителите во Матија во една куќа наидоа на неверојатна глетка, куче кое се спасило од пожарот такашто се скрило во печка на дрва.

-Го најдовме во печката, каде се скрило од пламенот. И покрај тоа што делува исплашено, има изгоренци и е гладен, но во добро здравје, рече спасувачот Артемис Киријакопулу.