-->
-->
Го избодел со нож па пукал кон него, кривична за момче од Буковиќ
-->
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесен кривична пријава по брза постапка против Б.И.(24) од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, информира МВР.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 21.09.2023 во атар на село Семениште, скопско, со нож му нанел повреди на А.С.(23) од с.Сарај, по што од пиштол испукал неколку пати кон него, но не го погодил.
По преземени мерки и активности, на 25.09.2023 тој бил лишен од слобода и со кривичната пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МНР: Средбата со Борг и Лавров беше свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на ОБСЕ
-
Комисијата за избори и именувања ќе предложи кандидати за новиот состав на Антикорупциска
-
Собраниска седница посветена на пратенички прашања
-
Израел ги продолжи нападите по завршувањето на примирјето
-
Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата
-
Курти со западните дипломати: Нема српски избори во Косово без барање од Белград до Република Косово
-
Светски ден за борба против Сида: 506 лица живеат со ХИВ/СИДА во Северна Македонија
-
Променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност